Зашто, според преданијата, Будим потекнува од една аласка, рибарска населба, односно од оваа тврдина, која пред многу векови ја издигнале некогашните рибари на Дунав.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во Бугарија дошла од Кашмир каде што, според преданието, некоја индиска принцеза се капела во базен сиот опсипан со ружи...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Требаше да се освои врв, но не обичен, туку врв каде што според преданието живеел Зевс, богот на сите грчки богови со уште 11 други богови На светото место мораше да му се приоѓа со светост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Токму неоплатоничарите, духовните зачетници на маниристичката Идеја-естетика, си правеле, според преданието, женски и машки вештачки слуги.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Знаеше дека според преданието, вратата на таа соба до трипати смее да се отвори.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Измитарената љубов помеѓу човекот- ѕвер и мечката- жена, според преданијата на селаните од тој крај, почнала во времето кога најугледните родилки од Кукулино се триеле голи една од друга со извици Роди, земјо, и голи се тркалале по нивите да роди земјата како што раѓале и тие.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најстариот, оној што на пат носел остар наџак, рекол дека проказата ќе го изеде сето живо месо во селото. Не помагале ни молитви ни лекувања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Според преданието, преданијата се секогаш вистина на селанската мака, на спиење ги исекле болните и ги однеле на планина за да ги закопаат под еден крст, веднаш на тоа место да пробие света извор- вода чии капки лекувале очебол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Игуменијата исцибрела од сеќавања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)