според (предл.) - сведоштво (имн.)

Текстот на записот, според сведоштвото последно на отец Мида, бил напишан во форма на клопче, така што не можел да му се определи ниту почетокот, ниту крајот; од каде да си тргнел во препишувањето, поинаков распоред на буквите си добивал и поинакво слово.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Според сведоштвото на отец Мида од неговите претсмртни ливчиња, кои по наредба на логотетот се чуваа во библиотеката на семинаријата кај отец Јулијан Граматик, како суво злато, со другите книги-истории, во таа точка, значи во самиот центар на светот, на златен држач што завршувал со рамна златна плоча, била поставена книгата со чудниот текст на неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)