според (предл.) - ваш (прид.)

„Добро! Според ваша желба. Ама да знаете: кодошења, закачки, пречење во наставата, неубави работи - да не ни се случуваат!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
За да се разбере постмодернитетот треба, според Вашата сугестија, да се напуштат категориите како што се: општество, нормативна група (класа или заедница), социјализација, контрола, и да ги замениме со категориите „социјалитет“, „станиште“, „самоконституција“ и „самоздружување“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зошто? Еднаш кога ќе станеме самосвесни, еднаш кога ќе дојдеме до сознанието дека амбиваленцијата и контингенцијата се неизбежни, ние престануваме да зборуваме за социјалниот систем, општеството, и почнуваме да зборуваме за процесите какви што се: социјалитет, станиште, самоконституција.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ти го тврдеше тоа или само се поигруваше со своето знаење за да ме спасиш од гилотината и тоа со единствена цел да можеш сега вака да ме навредуваш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали, според ваше мислење, можеме да го спасиме патот на јагулите во овие услови?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Според вашите реакции, другари, во оваа намера нашиот Боге успеал!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уметниците - најтипичен пример за тоа е Кристијан Болтански (Christian Boltanski) - плашејќи се за своето место во книгите на историјата, се откажаа од долги години некохерентна работа и забава, компромитирачка во смисла на среќа и бесполезност, за да се преселат во земјата со катедрали од шпер-плочи, каде што се ставаат цени и се тргува на големо со моралот на сожалувањето и со доблестите на Меморијата, оној голем нејасен блок што може да се исече според вашите потреби - денес Меморијата се обликува онака како што порано се обликувал каменот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)