според (предл.) - ист (прид.)

Што ја карактеризира постмодерната форма на заедница?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Затоа не се држете до крајните точки, до субјектите А и З, туку земете една од можните точки, еден од субјектите, на пример субјектот Д, и тргнете на лево или на десно, според истиот принцип за кој ви зборувам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Заминуваше рано наутро од хотелот, секогаш според истиот ритуал, по појадокот со тазе кроасани и бело кафе, со празното куферче се упатуваше кон мостот Сен Мишел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој сугерира дека една програма бидува имплементирана (спротивно на псевдо-имплементирана) само под извесни услови и не поинаку, дури ако и „реалните” имплементирања и псевдо-имплементирањата поминуваат низ истите чекори, оперирајќи според истите правила, на истите влезови, произведувајќи исти излези.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)