според (предл.) - нивен (прид.)

Другарот Чапаев беше видливо расположен што настаните во однос на Татковата потрага по старите отомански записи започнаа да се одвиваат според нивната заедничка желба.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И, се разбира, на крајот резултатите биле поразни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И други диктатори на империи како Карло Велики, Фредерик II, Шарл Кин, Хитлер, Сталин и други, со различни табиети, имаа иста цел да создадат универзална империја, според нивната утопија, според внатрешниот диктат на нивниот табиет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Традиционално, уметниците биле сметани за боголики според нивната креативност; преземајќи ја Жариевата алузија, Дишан го обрнува уметникот во ѓавол, воспоставувајќи растојание од неколку светлосни години меѓу себе и уметниците од тој период.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И дипломатите и многумина други, во повеќето случаи Македонците ги именувале според нивната црковна припадност.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Прво, требаше да се исфрлат непотребните предмети, па потребните да се подредат по некоја логика: според нивната намена и намената и капацитетот на просториите и мебелот и, по можност, според барањата на естетиката, иако таа е веќе во голема мера задоволена ако е задоволен предходниот критериум, оти убавото во домот го прави пред сѐ чувството дека е по човечка мера.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ешер има реализирано Чудни Јамки на различни начини, но сите тие може да се класифицираат според нивната ширина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Значи сакам да речам дека и привидите најчесто ги поттикнува присутноста на смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И по правило нив ги поистоветувам (не според изгледот туку според нивниот ангажман) со безбројните безрбетници, мекоглавци и инсекти: тие секогаш се присутни таму каде што господарат мршите на исчезнувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Точно во тоа време неговите од Софија му соопштија дека Лила го напуштила нивниот заеднички дом, според нивни информации со некој помлад офицер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Луѓето ги вреднуваат сликите според нивната хировитост, каприциозност и ексцентричност, но кога јас ќе направам нешто слично, обично ми велат: Немаш право на тоа, ти не си повеќе дете.”
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За Дибифе, детската уметност нуди нешто повеќе од речник на формални помагала.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Прво, наместо пресметувањето на просечните плати според нивната висина во претходниот месец, воведено е пресметување според нивната висина во претходната година, што, фактички, значи нивно пресметување според пониска висина.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Беше Едип, беше Каин, беше Ное, а во оние желби кои не сакаше да си ги признае посакуваше да биде пророк, и затоа им го одзеде Мојсеј на Евреите – самиот тој сакаше да биде единствен, ничиј, самороден, па таков си го претставуваше и оној што од луѓето беше прогласен за она што самиот тој, брат ми, сакаше да биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше и Ное, оној кој пред Потопот го беше собрал во кофчегот своето семејство, „и сите ѕверови според родот нивни, и добитокот според неговиот род, и сите гадови, што се влечеа по земјата, според нивниот род, и сѐ што лета, според родот негов, птиците сите и сѐ што има криља“; само за нас четирите немаше место на списокот на нашиот брат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Начелото за уредување на звуците според нивната висина - темел на Шенберговиот музички систем и на сета традиција на европската авангарда - на Кејџ му изгледаше претесно и дискриминирачко.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Податоците ги поделив на области на сродни поими и постапки и ги распоредив според нивната субјективна важност - односно. според впечатокот што го оставија на мене.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Вредноста на ваквите проекти, што треба да ни го сочуваат паметењето, не треба да се оценува според нивната убавина туку според вистинитоста на прикажаното.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Умееше убаво да нѐ распознае, според ритамот на чекорењето, според нивниот одек.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потоа, побарал од нив да ги рангираат поговорките и според оригиналноста и според нивната вистинитост.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)