Ладилникот отворен, кучката на сред соба го дојадува најденото: тенџерето со месо за дневниот ручек, половина тепсија пченкарник и сѐ што пронашла во ладилникот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сред собата имаше самоделски шпорет, в лево маса со по една дрвена клупа од двете страни, а зад вратата кревет прекриен со ложник.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Собата е послана со ќилими. На сред соба бакарен мангал.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ние двајцата, сред собата простум, тој насрчен кон мене, бевме единствените живи луге овде над езерото и никаков друг здив, ни некакво ехо.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Си велам: „Готово е! така ти е! Тоа е катастрофа, џанам!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Веќе е на нозе!... сред соба е!... Ми држи говор!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Та-ра-та-там!... Ќе се џитне сега во водата!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
На пример – некој се испосрал на сред собата, некој ја заглавил перницата меѓу решетките од прозорецот, трет го послал чаршафот среде собата, четврт им ги скрил под својот душек влечките на сите со кои е во собата…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А потоа ние докторите ги посетуваме пациентите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа побрза, оставајќи го самиот сред собата каде ни развигорот не ги помрднуваше завесите и само сивиот покрив висеше над нив со изгаснатата светилка како осамена стара месечина на небото.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Татко ми стоеше сред собата, несмасно смешкајќи се. „Сврти се“, рече Мама.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)