Покрај омразата што ја имаше секој христијанин кон Турците за разните зулуми и своеволија што ги вршеа над нив, во Андоновата глава влезе сега и новата пљачка над некој од прилепските или битолски бегови, кај кого што ќе најдат двојно повеќе и на кои пари тој рамноправно ќе учествува. Co тие мисли му даде збор на Толета да се надева на него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)