Тие биле потполно свесни дека зад секој преземен чекор од бугарска страна стои политиката на СССР.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
И покрај негирањето на таквите информации од бугарска страна дека "уште не е созреано времето за покренување такви прашања", британскиот политички врв не можел да остане мирен.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Пере Тошев, кој заедно со Бошета и со многумина нашинци во оваа војна се борел на бугарска страна, на Јанчевци им донесе две бугарски ополченски одликувања од времето на Руско-турската војна од 1887 година, едно Бошево друго од татко ѝ на Драганка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бугарите некое време ги прверувале дали се српски шпиони а потоа кога научиле дека не се, то ест дека пребегале на бугарска страна за да се борат против Србите, ги испратиле во 12. полк, кој бил составен од нашинци, во четата на овега, на Димитар Зојчев.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И покрај забелешките од бугарска страна договорот би прифатен на 23 декември 1944 година, но повеќе претставувал договор за заемна помош, отколку договор за федерација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Уште повеќе што и самиот Меклин, во ноември 1944 година, истакнувал дека Светозар Вукмановиќ-Темпо и Димитар Влахов, при своите настапи, изразувале територијални претензии спрема Бугарија и Грција, што било причина Меклин да испрати протестна нота до претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)