Толку ги научи даскалот Димо, да бараат леб на грчки јазик, а сиренцето ако е на македонски.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сполајти Господи! за ошто вака? за ошто да трпиме един јазик от кого не отбираме ни буки? за ошто да оставјаме да ни карат во кукити ни и во црквити ни? за ошто да учим грчкиот јазик, а нашиот да оставјаме настрана? за ошто да газиме народноста си, татковината си и мајчиниот си јазик ние сами со нозете си така немилостиво?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Уште повеќе што извештајот ги негирал дотогашните статистички податоци за бројот на Македонците во Грција и докажува дека Македонците останале Македонци и македонскиот јазик останал “домашен јазик... на полето, на селските улици и пазарот“, а грчкиот јазик “се смета скоро за странски јазик, на Грците не им се верува ништо, се сметаат во целосна смисла на зборот како странци...регионот е природно словенски, а не грчки“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Се случувало во историјата на еден јазик да биле користени неколку смерови, како во раниот грчки јазик, кој во различни периоди од својот развој бил пишуван од десно кон лево, од лево кон десно, па дури и во двата смера наизменично (како бустрофедон).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Додека зборуваше Татко, нему му проработуваа асоцијациите за неговиот сонародник Григор Приличев, чиј трагач бил по тајните на неговиот живот и дело, тој реши да му зборува на Татко, за неговата судбина, кој во потрагата по својот мајчин македонски јазик, постигна совршенство пишувајќи ги на грчки јазик своите култни дела, епосот Сердарот и Скендербеј.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По тој начин правилото во еврејската реченица стана заповед во грчкиот јазик, којшто се дава на детето!
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Сите беа на грчки јазик, а Едо грчки не знаеше ни збор.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во времето на австро-османлиските војни во XVII век, свештенството активно учествувало во движењето против Османлиите.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Високото свештенство на архиепископијата било од грчко потекло и го воведувало грчкиот јазик во епископските седишта, но и во градовите и училиштата, исто така и литургијата се вршела на грчки јазик, а и натписите на црквите се испишувале на грчки јазик.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Мерџанов, преку Ерменскиот комитет, го нашол и го испратил во Солун Ерменчето Кристи, кое добро го знаело и турскиот и грчкиот јазик.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ваквиот архаичен грчки систем на писмо веројатно е создаден како резултат на индивидуално творештво на некоја истакната личност, која успева да го прилагоди старосемитскиот систем на писмо кон фонетскиот систем на грчкиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На тој начин, архаичниот грчки систем од 23 знаци во алфабетски ред, кој завршува со симболот ypsilon, го сочинува она првобитно општо јадро, од кое подоцна ќе се развиваат сите останати варијанти на грчкото алфабетско писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Menora свеќник со седум свеќи; кога има девет краци, се користи и како ханукија, обредна светилка за Ханука Митрополит владика Midrash коментари и толкувања на библијата Mishna збирка рабински закони Mizrahi движење религиозна ционистичка организација формирана во 1901 Nyilas њилаши, членови на унгарската фашистичка партија Панагија лит. ‘Пресвета’, епитет за мајката божја, но и медалјон со ликот на Богородица што го носи владиката Параклис помала црква или олтарен простор Pasach Пасха, празник посветен на Мојсеевото ослободување на Израилот од египетското ропство Pastel, burmuelos, alharos карактеристични јадења на Сефардите Platicus di Purim посебна чинија или подавалник наменет за испраѓање пуримски подароци на блиските и пријателите Purim еврејски празник што го чествува спасот на еврејскиот народ во древното персиско царство.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Романиотите говореле на грчки јазик Sephardim Евреи по потекло од Шпанија и Португалија со говорен јудео-шпански јазик (judeo-espagnol) или ладино.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Покрај овој како општо еврејски Пурим, се одбележаувале и посебни денови на спасување на Евреите; така постоел и посебен белградски пурим кога се спасени белградските Евреи при едно тирско бомбардирање на градот Purim alegre!
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така би и за време на грчко-италијанската војна во Поградец во 1940 година, кога мајкиното знаење на италијанскиот и грчкиот јазик, ја спаси неа со децата од сигурна смрt.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Турскиот јазик главно го зборуваа селаните, градското население, додека трговските кругови се служеа со грчкиот јазик, владејачките слоеви го употребуваа арапскиот јазик, а во верските училишта, особено во медресите се учеше на персиски и на арапски јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Гаше прашува како Дерида се лоцира себеси во однос на Хајдегер, особено со оглед на Хајдегеровото признавање на еден фундаментален недостаток во секој мајчин јазик (во овој случај, грчкиот јазик, и пошироко сфатено, секој западен јазик, вклучително и францускиот).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
За Татко, остануваше голема енигма Мајкината „грчка врска”, нејзиното знаење на грчкиот јазик кое беше пресудно за спасувањето на семејството за време на грчко-италијанската војна во Поградец... * * * Татко, првин, по многу години, сакаше да дознае каде го научила Мајка толку убаво грчкиот јазик?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така беше и со грчкиот јазик. Таа не се сеќаваше кога и каде ги научила првите грчки зборови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)