Со текот на времето се наложи еден вид османски јазик, што претставуваше амалгам од персиски, арапски и турски јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Татко, како познавач на старотурскиот, односно османскиот јазик, но и како негов современик, за време на студиите во Цариград, беше мошне внимателно слушан од Камилски, макар што според него говорителот се оддалечуваше од целта на дебатата, ако цел воопшто имаше.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Па тоа беше нејзиниот стар мајчин османски јазик, во кој се мешаа турски, арапски и персиски зборови, минати низ јазичното сито на времето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко авторитетно продолжи: Писмото и азбуката со кои се служеа Турците беа и за нив исто така, позајмени од арапската цивилизација.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Е тоа може да биде добро прашање за да го разбереме и поимот милет, кој во османскиот јазик се пренел од арапскиот и бездруго имал свое место и во андалузиската култура? рече Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Крајот на крстоносните војни се совпаѓа со создавањето на Османската Империја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)