Особено страдаа француските колонијални војници. Лошо обучени, или направо жртвувани од француската команда, тие ќе јурнеа право пругоре кон окопиште, а таму Бугарите на нож ги дочекуваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Училиштето и општината ги затворија, односно ги преселија во Тополчани и таму, на местото на поранишните, тукашни, довлечаа свои, српски учители и општинари.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога после, при крајот на војната, српските војски, здружени со француските, се обидоа да ги прогонат, тие цело лето, целата есен и целата таа зима куртулуваа од пешадиските, артилериските и авионските напади.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Насила бев мобилизиран да служам во српската војска.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога по бојот на Алинци, во 1912-та, српските војски ја завојуваа Потковицата, веднаш востановија своја, српска воена и цивилна управа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во сојузничките војни, пак, против Турците, по победата над нив на Алинци, во есента 1912-та, прва во Потковицата навлезе српската војска.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но таа не покажа интерес да ги завладее ниту Чауле ниту пак околните редови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таа ноќ во селото Чаништа, откаде Толе зеде брави и леб, и откаде требаше и за утре да се однесе пак јадење на Маргара ни леб се месеше, ни брави се печеа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Грижата за заштита му беше поверена на официрот од српската војска, Црногорецот Јозо Ивановиќ, кој како искусен војник ја оцени месноста и со заштитницата на знамето се оддели од главните сили и го поседна вечерта врвот „Касматова Тумба", кој доминира над Маргара, а од исток на Острилата постави двојна стража.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но, токму тогаш кога ја оставаат зад себе српската војска, тие се наоѓаат приклештени во бугарските битки за освојување на Балканот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Над ковчегот фотографија на млад офицер во униформа на кралска српска војска.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Таму биле стационирани англиски, француски и војници од англиските колонии, а било одлучено да биде префрлена и српската војска од островот Крф (130.000 војници).
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Префрлувањето започнало во април 1916 Пред нападот бројната состојба на силите на Антантата изнесувала 622.000, а на Централните сили 600.000.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Одлучувачките битки биле водени на 23 и 24 октомври 1912 кај Куманово и од 16 до 18 ноември 1912 кај Битола во кои победи извојувала српската војска.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Црногорската војска ослободила некои градови во Санџак и Метохија и го држела под опсада Скадар.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со тоа Османлиите биле истерани од Македонија, а српската војска преку Албанија излегла на Јадранско Море.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Бугарската војска била разбиена на Брегалница од Србите, а и Грците ѝ нанеле тежок пораз на бугарската војска во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Требаше да се јави веднаш за да го дослужи воениот рок прекинат во српската војска во 1915 година.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)