И пак трчаа, а од грлата им гргореше непресушна смеа. Каква чудна августовска вечер!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тивката августова вечер им помагаше да можат да слушаат далеку.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И навистина од Црна ечеше некаков монотонен длабок ек, којшто се одбиваше од голите Галишки и Гудјаковски скрки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)