Тоа августовско утро во Прага Сите ги прекоруваа своите мали кученца кои баш сега најдоа по пет пати да мочаат во тревниците послани со свежи ѕвезди а за баксуз, никаде немаше натпис: мочањето врз тревници од ѕвезди е забрането.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тоа августовско утро во Прага на балконот во зградата отспротива видов угул гола жена како до бесвест танцуваше врз остатоците од ѕвездениот дожд надевајќи се бездруго дека кога и да е ќе згрми и дека ќе зграпчи барем една светкавица.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тоа августовско утро во Прага чистачите на улиците среќни и весели си посакаа нешто убаво за себе и за своите најмили: едни посакаа да има повеќе пари за пиво, други посакаа пивото да биде студено, трети посакаа децата да им летуваат на Јадран.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
И иако ништо крволочно не беше имплицирано во бледите преливи со светлина на боја на лаванда во чиешто прикажување сликарката на „Баричката роса“ толку уживаше едно августовско утро, тој поглед насочен од нивната тераса кон соседната куќа, во која - една вечер откако сликата беше завршена, можеби додека уметничката и нејзиниот сопруг ги посматрале метеорите од својата тераса - младата разведена мајка на две деца ја врзал, силувал и пљачкосал по зло прочуениот „Изолирбанд силувач“ од Вилмингтон и околијата, кој и понатаму е на слобода.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)