Во 1914 година беа мобилизирани од Србите и двајцата отидоа на австрискиот фронт, Се бореа што се бореа, Митре ја помина Албанија, а Петрета го заробија Австријците и од Надмеѓар, како „б'лгарин от Македонија" го испратија во Бугарија и по смирувањето на Романија, се најде во II тракиска дивизија на Солунскиот фронт, во синорот на неговото село Старавина — Соколот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)