Резултатот на тоа откритие се покажа како современ дури со алтернативните светови.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Не сме повеќе субјекти на некој даден објективен свет, туку проекти на алтернативни светови.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ако јас целиот свет го разбирам како случаен настан, тогаш со помош на компјутер можам да создавам алтернативни светови кои што имаат исто толку оправдание - или исто толку малку оправдание - за стварноста, како што го има таканаречениот даден свет. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 89
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Или, со други зборови, компјутерите се способни да синтетизираат алтернативни светови, што ги проектираат од алгоритми, т. е. од симболите на калкулативното мислење, коишто можат да бидат исто толку конкретни колку и светот што нѐ опкружува.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Со компјутерите се компјутираат алтернативните ‘светови’, сѐ што е можно математички да се пресмета всушност и се „создава“.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Таа недоверба сега можеме да ја поставиме во посоодветен контекст: се работи за недоверба на стариот, субјективно и линеарно мислечки човек, што е свесен за историјата, кон новиот, што доаѓа до израз во алтернативните светови, што не можеме да ги опфатиме со наследените категории, како што се „објективно“ стварно или „симулација“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тие не создаваат никакви одрази на постоечкото, туку создаваат нацрти за сѐ уште неоствареното, „проекцираат алтернативни светови“.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во окружувањето со компјутеризираните алтернативни светови, судбински се менува и топосот на уметноста, бидејќи уметничките облици настануваат со помош на дигитализација, а егзактните научни дисциплини веќе не можат да се раздвојат од уметноста.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)