американски (прид.) - претседател (имн.)

Фан Ноли успеа да се здобие со довербата на американскиот претседател Вудро Вилсон, и да го добие неговиот, односно гласот на САД, Албанија по Првата светска војна и Мировната конференција, да не биде распарчена туку да остане во границите од 1912 година.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Типично, како за веќе спомнатиот американски претседател, се што предизвикува смеа кај публиката, за нив е комично и добро, а она што предизвикува тага и солзи - не е комедија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со тоа, американскиот претседател покажал дека бил лишен од способноста да и се восхитува на музиката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од тие причини тој на Балканот го испратил Вилијам Донован, кој по посетите на Бугарија и Југославија заклучил дека германските војски на Балканот можеле да бидат поразени само во случај: "...ако ги придобијат Југославија, Грција и Турција - ако може и Бугарија - да ѝ се придружат на Англија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
14 По навлегувањето на германските сили во Романија и по нападот на италијанските сили на Грција, т.е. кога настаните на Балканот се нашле во средиштето на политичкиот и стратегискиот интерес, и покрај тоа што официјално не биле во војна, американскиот претседател Франклин Делано Рузвелт го испратил на Балканот својот посебен пратеник, полковникот Вилијам Донован.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговата посета имала за цел да го испита пулсот на балканските земји спрема Германија и да ја согледа можноста за сузбивање на експанзионистичкото германско влијание на Балканот, како и евентуалното убедување на балканските земји да се спротивстават на германската и италијанската експанзија, со што би го намалиле воениот притисок кој бил вршен од страна на Германија врз Велика Британија, а исто така неговото присуство имало за цел да испита дали се можни јакнењето и престижот на САД на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како што спомнавме и претходно, и американскиот претседател Франклин Делано Рузвелт бил сосема согласен со Британците дека на Балканот би требало да му се зададе дефинитивен удар на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Наспроти Кисинџеровата стратегија на мали чекори, која го зголеми американското влијание на Блискиот Исток, да доведе до мир на повеќе фронтови, американскиот претседател Џими Картер ја спротивстави стратегијата на глобално решение (package deal), предлагајќи синтеза на круцијалните интереси на двете спротивставени страни, елиминирајќи ги нивните иреални амбиции, предлагаше во замена вистински мир од кој Израелците имаа апсолутна потреба, за сметка на целосно враќање на окупираните територии кои беа од животно значење за Арапите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но немаше многу од обете страни кои веруваа во Арафат-миротворецот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Американскиот претседател чини сѐ за израелскиот премиер да направи што повеќе концесии, попуштајќи дури и на круцијалната отстапка, прифаќајќи ја ко-сувереноста на Ерусалим, како и евакуацијата на еврејските доселеници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој е на крајот од својот втор мандат и посакува да ја напушти Белата куќа со историски потез кој би го обезбедил реизборот на кандидатот од неговата партија, Ал Гор, тогашен потпретседател.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пролетта 1985 година, кога Израел ќе ги бомбардира позициите на ПЛО во Тунис и седиштето на Арафат, Хабиб Бургиба, во налет на бес ќе побара прекин на дипломатските односи со САД, макар што крај својата работна маса ја држеше сликата на американскиот претседател Роналд Реган.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никогаш не ги заборавивме блиските и срдечни Себастијанови...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Баш во мигов, пак, Краснојарск е домаќин на тајната конференција на сибирските алхемичари кои се договараат како, без никој да дознае, да извезат црвена боја за фустанот на сопругата на американскиот претседател за свечениот прием во Белата куќа во чест на кинескиот претседател, отшто во белата куќа меѓу сите зналци и душкала има и такви кои знаат дека џиш црвената може да џишне на незгодни места, може да џишне мнозина, а богами може да џишне и цели народи, ако алхемичарите се вљубени во џишнувањето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во вториот дел пишува за животот до објавувањето на Сто години самотија, а во третиот за пријателствата со некои од најпознатите светски водачи, како Кастро или поранешниот американски претседател Бил Клинтон, за кој има напишано многу интересен новинарски профил за скандалот со Моника Левински.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овој роман на Габриел Гарсија Маркез светски публицитет како најпопуларен претставник на магичниот реализам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неколку американски претседатели се пожалиле дека Белата куќа никогаш не станала дом: нејзината грандиозност никогаш не може да се одоми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)