Елизе Реклус беше речиси фанатичен противник на инвазијата од англиски зборови во францускиот јазик, но и тој беше свесен за неизбежноста на процесот, кој во некои времиња бил посилен, а во други послаб.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во текот на разговорот користеше по некој англиски збор, погрешно изговорен, а Спиро и Стасе (нејзиниот сопруг, кого мајка ми, а и сите ние го сакавме на посебен начин, затоа што е многу питом и позитивен човек) се погледнуваа и се потсмевнуваа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Едо, благодарение на шоферите во „Drviver`s Outlet“, почнаа да чактисува по некој англиски збор.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Обидувајќи се да го приближиме лингвистичкиот аспект на Дишановите дела на оние кои не го зборуваат францускиот јазик, ја отфрлив вообичаената метода на преведување и титлување на извесен број англиски зборови врз оригиналниот филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И во топлите англиски зборови „Ол мен ар криејтид икуал...“ да пронајдеш дел од своето „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
„Гледај, Рози, сфати. Домаќин... он...,“ старецот се обиде да најде соодветен англиски збор за Домаќин, но англискиот збор домаќин, кој беше најсоодветен не постоеше во неговиот вокабулар.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тоа исто така го сугерира англискиот збор „beat“ (ритам), сексуален ритам, свртување и движење на оптичките спирали.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)