англиски (прид.) - јазик (имн.)

Фонтовите се тесно поврзани со тексту­ал­ната стандардизација и преку тоа со самата природа на Интернет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Стандардизацијата на форматот на податоци, како резултат на хегемонија или доминација (GIF за слики, цхарацтер-басед формат за текст, доминација на англискиот јазик итн.), е концептуална рамка за HTML - HypeTextMark-up Language.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овој дневник е објавен, што е изненадувачки, дури 1916- та, и тоа во Америка, на англиски јазик, како додаток на делото за цртежите на Понтормо, а на изворниот јазик, Jacopo Pontormo во Италија, дневникот е објавен дури 1956-та.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога влеговме во канцеларијата кај директорот, мама беше збунета - така како и јас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ни беше многу интересно и попладнето одеднаш ни помина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Уште малку и ќе задоцневме: сите беа влезени и веќе ѕвонеше за наставниците.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Според шушкањето на хартија знаев дека на мама ѝ го дале лексиконот, таа ги врти листовите и чита сè што сум напишал.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Започнав од оној миг кога Анче ми пријде и ми го даде лексиконот... и сè по ред како го пополнувавме, и завршив со денот денешен кога наставничката по англиски јазик ме одведе кај директорот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го слушав гласот на наставничката по англиски јазик: “И претставете си, во овие години тој пишува дека имал девојка!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Немаше време некому да му се пофалиме што имаме во визбата, зашто часот по англиски започна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Така сторив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од каде да сонувам дека наставничката по англиски јазик ќе го фати лексиконот во VIб одделение?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не е правдина да речам дека наставничката по англиски јазик е премногу строга.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наставничката по англиски јазик беше фер. Пред одделението ништо не рече.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кај директорот веќе беа дојдени наставничката по англиски јазик и мојот одделенски раководител.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На почетните прашања одговорив точно, небаре за лична карта - така токму мене ме пронајдоа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Другите се запишале со измислено име и презиме. Едноставно - не се кажале по правдина кои се!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ако имаше три чисти да се прчиш пред другарите, дека Анче од VIб тебе те замолила да ѝ се запишеш во лексиконот - и тоа си го сторил мошне успешно - сега имај три чисти да ја гледаш мама в очи и сè по ред да ѝ раскажеш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Лексиконот ѝ го вратив на Анче и таа ми заблагодари - многу искрено ми заблагодари.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Македонија-Југославија, на српскохрватски јазик, “Туристички сојуз на Македонија“, Скопје, 1956 (латиница).
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Македонија (на англиски јазик), “Туристичка штампа“, Белград 1961 год. 3.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ова посебно нагласување на терминолошката дебата што се води на англиски јазик, повторно нѐ навраќа на проблематиката на English Translation Studies, каде системот на вредности го води главниот збор во изборот на терминот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Завештанието што го остави деветнаесеттиот век значеше и голем дел од времето што студиите за превод на англиски јазик го посветија на проблемот за соодветен термин кој би го дефинирал самиот процес на преведувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дишановата верзија може да биде и јазично валкање, влијание на англискиот јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така, на пример, и покрај големата литература за значењето на преведувањето во развитокот на Римскиот литературен канон, сѐ уште нема систематска студија за римската теорија на преведување, на англиски јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Досега, на англиски јазик, е направен само еден обид да се обработи прашањето на терминологијата, со публикацијата Dictionary for the Analysis of Literary Translation на Антон Попович во 1976-та година, дело кое ја поставува, иако само во скелетна форма, базата на методологијата на проучување на преведувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во осумнаесеттиот век постоеја одреден број на студии за теоријата и практиката на преведувањето на повеќе Европски јазици, а во 1791 е публикуван и првиот теоретски есеј за преведувањето на Англиски јазик, Essay on the Principles of Translation на Alexander Tyler.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Инспирацијата, што е сугерирана само со согласки од L’ASPIRANT и EN SPIRALE, значи исто и во францускиот и во англискиот јазик, и тоа е вообичаен жаргон за сексуалната инспирација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зашто, со право може да забележи дека опусот на овој автор е значаен чин во македонската литература, иако своите дела тој ги напишал и објавил на англиски јазик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И покрај тоа, беше обземена од носталгија за светот што постоеше надвор од тие ѕидови од тули и за пријатниот англиски јазик што го зборуваа нејзините луѓе, како на пример, братучед ѝ Боб, да го слушне како зборува, и тогаш таа стана и рече, ”Ќе одам на прошетка”.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сакав да станам писател и затоа се сконцентрирав на учењето на англискиот јазик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Англискиот јазик на Милан и Кети, за кој таа сметаше дека е шармантен, па дури и експресивен, со сета збиеност, сега ѝ беше одбивен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога беа сами, овие двајца старци обично си разговараа на својот мајчин јазик, но овој пат намерно одбегнуваа да зборуваат на англиски јазик, зашто и покрај нежното удирање на дождот, Рози можеше да ги слушне, зашто прозорците од нејзината спална соба беа директно над терасата, каде што разговараа тие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Директорот за додипломски студии на Катедрата за англиски јазик, продеканот за додипломско образование (професор по морска геохемија) и претседателот на Универзитетот објавија соопштенија во кои го објаснуваа и го бранеа предметот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уште и ми предлага да му кажам на Извршниот одбор на Катедрата за англиски јазик, за да има рамнотежа, да стави во програмата друг предмет со назив „Како да се биде бездушен конзервативец“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, сакам да ја искористам оваа можност јавно да им се заблагодарам за смелоста и за бестрашноста на Џон Витиер-Фергусон, кој тогаш беше директор за додипломски студии на Катедрата за англиски јазик и книжевност; на Линколн Фалер, кој беше шеф на Катедрата за англиски јазик и на неговата наследничка на тоа место, Сидони Смит; на Роберт Овен, кој тогаш беше продекан за додипломско образование на Колеџот за книжевност, наука и уметности (КНУ); на Теренс Мекдоналд, кој тогаш беше продекан за академски прашања на Колеџот за КНУ, а подоцна и декан на Колеџот; на Ненси Кентор, која беше ректорка и извршна потпретседателка за академски прашања на Универзитетот на Мичиген; на Ли Болинџер, кој беше претседател на Универзитетот на Мичиген, како и на службениците и на другите вработени во нивните служби.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
‌На пример, пролетта во 2000 година, пред воопшто и да го предавам за првпат предметот „Како да се биде геј“, некој човек по име Џон од Анаполис, Мериленд, испратил електронска порака до Катедрата за англиски јазик при Универзитетот на Мичиген во која се бунел против предметот. (Џон ги напишал и името и презимето, но презимето не го обелоденувам за да му ја заштитам приватноста).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се работеше за додипломски предмет на Катедрата за англиски јазик кој штотуку го имав осмислено, со назив „Како да се биде геј: машката хомосексуалност и иницијацијата.“
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Џон не се согласувал со соопштението, па ги повикал моите претпоставени од управата со својот авторитет да го решат прашањето и, најенергично, апелирал да го откажат предметот и да го тргнат од студиската програма на Катедрата за англиски јазик. ‌Дотука немаше ништо необично во пораката од Џон.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бевме охрабрувани од повеќе страни - Kerouac и Beat писателите, дикцијата на Saul Bellow во The Adventures of Augie March, појавата на говор сличен на оној на Herbert Gold и Philip Roth - и видовме, најпосле, како на две многу различни варијанти на Англискиот јазик им беше дозволено да коегзистираат во книжевноста.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Другиот не се изненади затоа што знаеше дека соговорникот го владее добро англискиот јазик.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Најинтересниот дел од имитацијата беше токму имитирањето на англискиот јазик.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога луѓето ги учат звуците (или фонемите) на Англискиот јазик на пример, тие не ги имитираат, туку се обидуваат да ја достигнат нормата, да го повторат стандардниот звук, и мораат да успеат во тоа ако сакаат да бидат интелигибилни во заедницата на говорниците на англиски јазик.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Франц КАФКА (1883, Прага, Австро-Унгарија – 1924, Виена, Австрија).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По падот на режимот на Перон, бил директор на Националната библиотека во Буенос Аирес и професор по англиска книжевност на Универзитетот во Буенос Аирес.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се смета за маестро на формата и на стилот, кој на единствен и оригинален начин го употребува англискиот јазик и (особено во романите) го применува до совршенство методот на созвучност и асоцијативност на литерарниот исказ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По мајка Англичанец, така што од дете ги говорел паралелно шпанскиот и англискиот јазик.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На крај, вреди да се истакне и напорот на културната агенција „Метафорум“ која со приредувањето на ова исклучително издание (книгата ги содржи сите додатоци неопходни за една философска студија, предговорот е преведен на јазиците на 10 источноевропски земји, а содржи и прилози на германски и англиски јазик) се претставува како реномирана издавачка куќа која со својата едиција „хоризонти“ навестува издавање на нови теориски книги од наши автори.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На универзитетот Wesleyan на американските студенти им предавав средно­ европски и источноевропски роман на англиски јазик, не знаејќи всушност што би требало да е Средна, ниту што е Источна Европа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Одев во продавница, одбирав помада за мама на англиски јазик, мислејќи на неа на хрватски.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со неколкуте провокативни тези (особено за вината и судбината на идеологијата) кои се во дослух со горливите прашања на нашето време, оваа книга предизвикува вистинско освежување на по малку заморената македонска теориска сцена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога извесни формални симболни системи (на пр. компјутерските програми) се имплементирани како динамички физички симболни системи (на пр., кога тие се стартуваат на компјутер) нивната активност може да се интерпретира на повисоки нивоа (пр., бинарниот код може да се интерпретира како LISP, LISP кодот може да се интерпретира како англиски јазик, а англискиот може да се интерпретира како разговор со смисла).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Климент Камилски ја најде и книгата на Џон Д. Принс, Surviving Turkish Elements in Serbo-Croatian, драгоцен прилог во кој авторот се задржува на покарактеристичните фонетски измени на турските зборови во српскохрватскиот јазик и потоа изнесува триста турски збора со превод на англиски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На англиски јазик, од некој филм, со преубав глас на Бинг Крозби, меѓу кои и „Месечината продре во моите очи“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тогаш Сами со англискиот јазик кој го совлада самиот и го зајакна при својот прв престој во Лондон, ќе му напише писмо на амбасадорот Али Фетхи Окјар во Лондон Историјата беше побрза од нејзините илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во право сте амбасадоре, нема превод на терминот ниту на англиски јазик! И не може да има.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но братот Сами остана на брегот да го продолжи векувањето, да го одржи дедовиот завет, плаќајќи го тоа подоцна со својот живот за време на Енверовиот сталинистички режим во Албанија, кој само поради знаењето на англискиот јазик ќе го прогласи за шпион на Интелиџенс сервис и ќе го ликвидира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше горда што синот веќе го знаеше англискиот јазик, што подоцна живот ќе го чини!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Речиси и не постои соодветен термин за народност на другите јазици, другар Сојузен!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се очекуваше дека Новоговорот дефинитивно ќе го сузбие Староговорот ( или стандардниот англиски јазик, како што ќе го викаме ) околу 2050-та година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Дали си помислил некогаш“, рече тој, „оти целата историја на англиската поезија е детерминирана од фактот што на англискиот јазик му недостасуваат рими?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Новоговорот беше базиран врз англискиот јазик, онаков каков што го знаеме сега, иако многу од новоговорните реченици, дури и кога не содржеа новосоздадени зборови, би биле одвај разбирливи за човек што го говори денешниот англиски јазик.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Освен што англискиот јазик и е lingua franca, а Новоговорот нејзин официјален јазик, таа не е централизирана на никаков друг начин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Издавач: Авторска агенција на Македонија, на македонски и на англиски јазик.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Актуелни активности како писател: Претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија; Уредник во Издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје; Главен и одговорен уредник на Македонски книжевен гласник „Синтези“; Член на Уредувачкиот одбор на едицијата „Македонска книжевност 130 тома“, на македонски и англиски јазик и на антологиски избори на македонската литература на седум јазици; Раководител на проектот „Македонски книжевен лексикон“ (од Св. Климент Охридски до денес), Институт за македонска литература; Член на Организациониот одбор на Меѓународната манифестација „Рацинови средби“ во Велес; Бил: Претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1979); Претседател на Друштвото на писателите на Македонија во два мандата (2000 – 2002) и (2002 – 2004);
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Книги од доменот на журналистиката: - „Новинарски лексикон” (со примери) - „Аспекти на новинарската теорија и практика - Жанрови” - „Новинска критика” - „Илјада новинарски термини” (на македонски, англиски, француски, германски и руски јазик) - „Основи на новинарската теорија и практика” Фељтони: - „Македонија во делото на Павел Н.Милјуков“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Составувач и приредувач на книгите: - "Македонската книжевност во книжевната критика", пет тома (1974).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- „Современа македонска поезија” – на македонски и англиски јазик (Во рамките на едицијата Македонската литература во 130 тома).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Член е на: Руската академија на науките и уметностите Друштвото на писателите на Македонија Македонскиот ПЕН Центар Здружението на новинарите на Македонија Поетски книги - “Слика што согорува”, “Мисла”, Скопје 1974.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тие се многу образовани и начитани и одлично го зборуваа англискиот јазик.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Карло е римјанин. Живее во Лос Анџелес со години, мада тој факт слабо се одразува на неговото познавање на англискиот јазик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Баба, првин преку својот син кој беше учел во Англија, на убав англиски јазик, му пишала на својот прв братучед Фетхи-беј Окијар, познат по прекарот Македонецот, тогаш амбасадор во Лондон, за намерата да патува во Цариград, да ги види, за последен пат, своите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тоа време се чу сигнал од радио-станицата. Англискиот офицер ѝ пријде на радио-станицата и рече нешто на англиски јазик.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Вилијам Бароуз е еден од тројцата литературни великани на 20-тиот век, кои го разбија, растворија, трансформираа и дигитализираа англискиот јазик; го насочија и стробоскопираа во холограмски слики на дваесеттиот век.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Работи како асистент на Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје. Расказот „Ѓон” (Маргина 29-31) е преземен од истоимента збирка.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Обемен е бројот на неговите преводи, главно од англиски јазик.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од 1967 почнува да излага, а и да работи на филмски и театарски сценографии.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во периодот од 1960-63 студирал англиски јазик, историја на уметност и историја, а меѓу 1963-67 бил студент на сликарство во Лондон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Своето интензивно враќање кон сликарството, во 1986 самиот Џарман го образложува како еден вид терапија што ја применува на себе откако дознава дека е ХИВ-позитивен. Paintings from a Year е серија слики настаната во текот на една година, со почеток од август 1986 во периодот во кој Џарман правел три платна неделно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Елен Лејбовиц Ce 29 mai 2001 Monsieur, En tant que citoyenne de la СоmmunаutЕurореnnе, јаvоuе que je suis souvent perplexe en voyant nos chefs dЕtаtѕ se runir pour trouver des solutions aux рrоblmеѕ de tant dаutrе nations. Ils ne mаtriѕеnt vraiment pas la situation lintriеur de leur propre pays, о les choses sont tout de mmе plus faciles, comment vont-ils la redresser chez les autres? Personnellement, je nаi me plaindre de rien. Mais il ne se passe pas un jour sans quоn entende parler de dysfonctionnements dans les entreprises, les tribunaux, les prisons, les hрitаuх, les соlеѕ, les transports ferroviaires ou аriеnѕ, lаgriсulturе, etc. Il est continuellement question de violence, dinѕсurit, de drogue, de scandales financiers et роlitiquеѕ Enfin, inutile de continuer lnumrаtiоn. Vous vous tоnniеz lаutrе jour que dans la Соmmunаut Еurореnnе une lettre puisse mettre un mois pour aller de Naples Bеѕаnоn. En rаlit, ce nеѕt pas si tоnnаnt. Le рrоgrѕ technique est une chose, et lhumеur des trеѕ humains сеnѕѕ bnfiсiеr de ce рrоgrѕ en est une autre. Dаbоrd, il est connu que la poste italienne fonctionne naturellement assez mal (dilettantisme des habitants?) et quеn France la grvе est une maladie chronique. Lаutrе jour, јtаiѕ donc Montpellier. Certaines rаlitѕ albanaises me revenant en mmоirе, je vous ai сrit une carte que јаi rаmеnе pour la poster de Frјuѕ, car Monpellier les centres de tri postaux tаiеnt, раrаt-il, en grvе depuis trois ѕеmаinеѕ Les trеѕ humains tаnt ce quilѕ sont, il nехiѕtеrа sans doute jamais de pays idаl, et ceci tаnt admis on peut соnѕidrеr que mаlgr tout, la Соmmunаut Еurореnnе est un lieu tout fait vivable et mmе, par certains aspects, аgrаblе. Mais de l se рrѕеntеr comme mоdlе pour les autres pays, et рrtеndrе rѕоudrе leurs diffiсultѕ, сеѕt une autre question!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И, дали докрај ќе ми веруваат и ќе ми го земат тоа како олеснителна околност пред донесувањето на конечната пресуда, ако им говорам за универзалното искуство на ,другите многу пославни, ,предавници кои го ,изневериле мајчиниот јазик, пишувајќи на јазикот на другите, каков што беше, на пример, Бекет, кој пишуваше на француски, покрај мајчиниот англиски јазик, или Романецот Емил Сиоран, кој пишуваше на француски, македонскиот поет Григор Прличев кој пишуваше на грчки, или мојот голем сонародник Јероним де Рада кој пишуваше и на италијански јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Благодарение на таквиот великодушен гест, јас се почувствував избрана за една од првите, оттука и привилегираните читателки на најновата и засега последна епизода од книжевната серија што толку настојчиво, но и со толку сериозни и автентични причини самиот ја имаш именувано како Балканска сага. Mислам дека нејзиното објавување го следам од самиот почеток, од романот Татковите книги (објавен во 1992 година), кон кој останав и останувам трајно приврзана.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби специфичноста на таквиот однос произлегува токму од некаква потреба по научна објективност (или, можеби, по академска неутралност?) врз која тој и се втемелува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Доколку Французите имаат различни преокупации од другите за да се остане вистински чувствителен на вашето балканско искуство, јас се надевам дека вашите сограѓани, кои се директно засегнати, треба да се покажат многу повеќе рецертивни кон вашите книги, но и за вашите написи објавувани на албански, македонски и англиски јазик во мултетничкиот Форум.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не одговарав на некои директни информации, често добивани од едностраните официјални или приватни медиуми. Ѝ испратив еден прилог во француски превод, во еден мултиетнички Форум, кој се објавуваше во водечките весници во Република Македонија на македонски, албански и англиски јазик, за да ги извлече самата релевантните заклучоци, во контекстот на мојата балканска сага...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине, Пред шест месеци порачувајќи книги јас добив и чоколада.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ме обвинуваа дури дека во една книга сум се застапувал за меѓународниот јазик Есперанто (на земјата беше обратно) со што наводно сум сакал да го спречам процесот на еволуирање на природните јазици на Балканот, за што дури сум објавил и книга на француски јазик за конечната превласт на природните над вештачките јазици, што дури можело да придонесе да добијам ослободителна пресуда...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Поводот за појавувањето на статијата бил во непосредна корелација со настаните што од крајот на 1944 година се случувале во Грција, а имале посебен одраз врз населението во делот на Македонија во рамките на Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со посебно внимание во американската јавност ќе биде примена статијата на Георги Пирински, под наслов "За слободна Македонија", напишана на англиски јазик, а објавена во гласилото на Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло, во август 1945 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога размислуваме за тоа, сфаќаме дека англискиот јазик има свои ограничувања.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но сепак тој стравуваше еден ден да не се најде, поради приврзаноста на англискиот јазик, во листата на неподобните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кутриот чичко убаво се надеваше дека одличното знаење на англискиот јазик, познавањето на британската и американ­ската култура ќе ги стави во служба на што подобрата соработка со УНРРА, свртена во тие години кон безуслов­на помош на изгладнета Европа, посебно Балканот и Албанија, во тие први повоени години.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кутрата, сега таа, како и нејзиниот брат, но за среќа не како него, поради знаењето на англискиот јазик, туку поради рускиот јазик да плати своја цена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Напишал еден роман и неколку книги поезија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На својот син му рецитирал песни на англиски, јазик кој во куќата бил зборуван рамноправно со шпанскиот поради влијанието на татковата мајка, инаку англичанка. 1901.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На четврти март е родена Нора, сестрата на Борхес, неговиот најдобар пријател во детството и иден сликар. 1905.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Татко му бил адвокат и на англиски јазик предавал психологија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Преведува од англиски јазик. Бил застапуван во антологии на краток расказ.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Неговите дела се објавувани во странство на англиски јазик.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Англискиот јазик на Јани се покажа како непостоечки па тоа авторот го прими како олеснувачка околност.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја извлече и се исправи. Тоа беше телефонски именик. На англиски јазик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо плати 300 долари, си ја стави потврдата во џеб и почна да посетува вечерни часови по англиски јазик додека Марко, секоја вечер, го чекаше во „Driver`s outlet“ каде што за шоферите на мајтап стана „Студентот“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо го минуваше времето дење во раскошната кабина на тешкиот, американски камион, со носивост од 12 тона влечени од мотор со 290 коња, со кабина како гарсоњера, со моќна радио-станица, целиот сребрен и испониклуван, камиот налик на џиновска детска играчка,што потсетува на изделкана санта мраз во движење, што Марко го возеше по градот и околните места сѐ до Калгари и најјужните брегови на САД, а навечер седнуваа во половниот „крајслер“ на Марка и одеа во барот „Driver`s Outlet“ каде што се собираа неговите колеги, сите шофери и шоферишта, од помлади до средновечни луѓе, неверојатно шаренило од снажни, згодни и грдомасни луѓе, едни обраснати во бради, други со коси што главите им ги правеа да личат на грмушки, ќелави, со прцлиња потфатени над тилот, тетовирани, каде што се зборуваше семсекаков англиски јазик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Веќе ти резервиравме место во авионот за Атина за утре изутрина“, му вели Јоргос со својот пријатен, секогаш пријателски глас со кој го изговараше својот крупно дробен англиски јазик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)