Влеговме во Прилеп, поминавме покрај стариот театар, покрај пазариштето и чаршијата, бевме веќе во центарот кај градската кафеана и Предо само подгледнуваше накај Живко за навреме да најде место за паркирање, но Живко молчеше и само се смешкаше, а кога веќе излеговме од градот и мислевме дека сме го прошишале и Прилеп, Живко го натера да подзапре и не го остави да продолжи по асфалтираната угорница на Плетвар туку го скршна по стариот пат преку Бабуна по кој веќе никој не одеше.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)