Му беше сѐ во таа клета и неизвесна балканска судбина...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И неговиот 'рбет кој, при силните удари на балканската судбина, многупати беше подвиткуван, сега беше исправен.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Играта уште им наликуваше на порочниот круг на балканската судбина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И тој дури и мисијата за опстанатите османизми во балканските јазици со својот пријател Климент Камилски ја сметаше за скромен прилог во новата балканска свест, која требаше и на тој начин да им се пренесе на новите генерации, на нивните потомци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко со целосно балканска судбина, беше свесен дека излезот од новата митологија за Балканците беше во еден автентичен, реален процес на самоосвестување ослободен од секакви предрасуди на комплексноста на балканските идентитети.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И тоа се случуваше на денот на балканскиот покер во нашата куќа крај реката. Покерска балканска судбина!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко често запираше крај големите сенки на Аја Софија и разлетаните гулаби, небаре во отсутната молитва на минливоста да ги разлачи составните делови на измешаната балканска судбина, на неговиот албански и другите балкански народи: народи првин многубошци, па пагани, рисјани, муслимани, Евреи, преобраќани од една во друга вера и на крајот атеисти, апсолутни атеисти.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мариза Кербези, книжевен теоретичар и историчар од Универзитетот „Александар Моисиу“ од Драч Романот Времето на козите претставува парабола на балканската судбина, вистинска метафора од времето на Федеративна Народна Република Југославија, пренесена преку детето – наратор, кој истовремено ја раскажува и трагичната судбина на Балканскиот Полуостров.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нејзиниот долг живот мина во постојано жртвување спасувајќи ги своите чеда во неизвесната балканска судбина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Ервехе” на Луан Старова е симбол на балканска судбина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Како што Мајка ги задржуваше и ги смируваше пресилните зборови во својата градина и во тврдина на молскот, така во задржаните солзи ги задржуваше пресилните удари на балканската судбина и на балканската историја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)