бегол (прид.) - поглед (имн.)

Со бегол поглед во ситото забележа дека меѓу прстите држи една крупна грутка која не се просеа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Праксата за која ќе стане збор тргнува од свеста за една организација на светот и на визуелните полиња во коишто тој свет постои, светот на тн. „богат поглед“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш таа ќе упатеше бегол поглед по рафтовите на библиотеката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
VI. ... Сега Змејко лежеше оптегнат колку што беше долг на тврдиот дрвен кревет, а сето, преку што само што беше поминал низ сеќавањето, претставуваше само згоразгорен бегол поглед врз сета онаа бездна што ја чуваше во себе за оној човек, што го испрати пред малку во снегот, пред да го мрази.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како член на општинската комисијата која одлучува за финансиска помош, на ниту едно барање, поткрепено со извештаи од специјалисти или биографски податоци на барателите, не сум трошел време поголемо од она што е потребно да се фрли бегол поглед.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој, откако се поздрави со присутните на оваа неочекувана мала свеченост и ја искажа својата голема среќа што се наоѓа најпосле на ова место, потем со бегол поглед ја опфати целата книжарница, ги погледна книгите во високите сталажи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не само Татко туку и присутните блиски беа изненадени кога штом запре возот и вагонот со натпис Paris (Gare de Lyon) се најде на вообичаеното место на перонот, Климент Камилски со куферчето слезе од возот, со бегол поглед и поздрав со кимање на главата, се упати до соседниот вагон во кој беа трите сандаци со книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
При тоа, тој нема цел да ја моделира уметничката пракса за таа да биде присутна во посточката медиска презаситеност со слики, туку да се покажат можностите за „протуркување“ на критичкото и „радикалното“ во наизглед занишканиот и успан контекст на популарното.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)