Таму, на небесата, Јосиф тоне од небо во небо, устремен кон еден прстеновиден облак што е толку бескрајно далеку и што е, еве, тука сосема пред него, кон чиј отвор тој сè повеќе и повеќе се пробива, доживувајќи ја во меѓувреме сладоста на летот низ безвоздушниот простор, сладоста што го води отаде блаженството.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но, тоа не беше најстрашното: најстрашно беше тоа што ние живеевме во еден сосема реален и стварен свет, светот на Партијата; ги делевме нејзините ставови за светот и животот, а Јан Лудвик дојде од некаде, упадна во тој свет и сериозно ги разниша нашите убедувања; тој, со други зборови, сериозно се закани дека ќе го уништи тој свет, дека ќе го дупне, како меур од сапуница, и ние ќе останеме – надвор од него, во некаков безвоздушен простор.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тоа беше последната реална слика што му остана во свеста на Гого, пред да му падне преку очи некаква пајажинеста мрежа од мрак, а снагата да му залебди во наглув и безвоздушен простор, небаре му се престорила во бабуле надуено до препукнување.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Па оттаму бегам во безвоздушен простор, во простор без водишки, без мисла, без смисла, каде бранување на срцето нема.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Што му ја мислиш, сѐ е измислено, сѐ е направено, стокмено и на свое место, само јас во безвоздушен простор, вакуум, ми фали кислород.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)