Тоа може да стане само онаа читателка која, пред денот кога прилегнала да ја чита оваа приказна, загубила некој клуч. Било каков клуч.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Служењето војска во животот на Едо Бранов ќе беше безначајна и заборавена епизода ако тој таму не се здобиеше со една рана и со еден мелем.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Некој навидум безначаен и дребен настан, кој сепак е услов без којшто нема пристап до љубовната напивка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Пријателе те молам одобри ми ја желбата да ти раскажам за еден настан, навидум толку безначаен и сепак за мене заради нешто необичен, да не речам голем и незаборавен.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)