бел (прид.) - боја (имн.)

Низ сиот тој простор Милан имаше изградено мали базенчиња од тули и цемент, куќички за птиците како мали колипки обоени со зелена и бела боја, хранилки за птиците, како минијатурни закачалки што висеа на гранките од дрвјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Гранчињата на светкаворозовите цветови беа преминале во мувлесто бела боја и Кети тажно промрморе додека ги потсекуваше долгите растенија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Убавата таванска розета, во млечно бела боја ја имаа завземено два пауна со раширени опашки кои колваа грозје.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ортаците изгледаа исплашени. - Пејте, - кисело ја повтори заповедта црвеноокиот. – Не сте неми.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Лицата има беа премачкани со бела боја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не помина ни секунда, Земјата се отвори и ме голтна. –––––––––– покусни куниќ – мало зајче, најчесто со бела боја, што служи за експерименти у лабораторија. бекјард – место позади куќа, најчесто составено од: дек, газибо, мала бафча и зеленкаста трава.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Додека трудовите на Нич, Мул и Шварцкоглер се театрализации односно фикционализирани презентации на телото изложено на ризик, во болка, обесчестено итн., работата на Гинтер Брус постапно ги комбинира симболичкото сецирање и реалниот ризик за телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговата работа Авто-слика/Авто-сакатење (1964) претставува фотографија на неговото тело обоено со бела боја со црни траки и јукстапонирано во однос на секира и други алатки за сечење односно мачење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа на Константин З. му се допадна мерката на неговиот министер-претседател Филов, кога е донесен прописот за задолжително обележување на лицата од еврејски происход, кој налагаше, оние меѓу нив што се заслужни за него, да носат шестоаголни ѕвезди со бела боја и значително помали димензии, наместо покрупните и жолти наменети за обележување на останатите Евреи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со силна бела боја го премачкуваа називот на кафеанчето Либански рај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вратите и рамките на прозорците ги боеја со азурно сина боја, според андалузиската традиција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Варосани се со синкава и бела боја, која на едни места е испрана од времето, а на други испукана и под неа како лишај е залепена друга.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
До крајот на ѕидот истружив цела фаша и под кафеавиот слој забележав дамки од бела боја.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гледаме широк пат со три ленти обележани со бела боја. Над свиокот – рид.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некој убавец, којзнае како се мушнал во собичката кај другарката Оливера Срезоска и ете ти циркус, просто-напросто на генералимусот му ја бојадисал со бела боја левата страна од мустаќот, му ставил и некои други знаци на лицето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Заспа цврсто. бела куќа на бел облак, носена од бели птици; бел чад од бел оџак, бела гитара без жици; бела музика од бел ѕид, бел славеј надвор од вид; тик-так нон-стоп часовник ѕиден, отчукува време на живот иден; лево-десно шета едно бело клатно, со бела боја црта на празно бело платно: бели гради на бела жена, легната на бела постела; сето тоа на бело знаме веено од бел призрак, качен на бел рид над кој се спуштил бел облак.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А од загорено млеко не бидува добра бела боја, велат сликарите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Завладува длабока сонливост, млекото сѐ почесто загорува.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Над влезната порта венче од детски солзи му пркоси на законот на гравитацијата среде бело венче ѕвони бело ѕвонче бели коњи со распавтани бели сни и занданите имаат облик - бела ѕвезда бело насмеана со опашка од бела роза бели галежи на бела свила од првата ноќ до последната бела виделина бел садник од рози во срцето - осаменоста ја скорива љубовта гнетот го скорива гневот бело варосани ѕидови во нив светлината жртва заѕидана врела голтка запрена среде суво грло и смртта тука имала бела боја и многу сакала да гушка листиња од црвени рози.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Играла, пеела со маријачите, се напила повеќе од потребното и, во лоша состојба и со задоцнета грижа на совест, на полноќ тргнала да го бара Сатурн.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, откако поминаа две долги години во кои се обидуваше да ја заборави, едно утро се врати во својата сиромашна соба и ја најде како спие на каучот, со круна од цветови од портокал на главата и со долг мрежест превез во бела боја врз лицето, каков што носат невестите на венчавка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)