Што ќе ѝ е да се свитка во својот проголтувачки облик кога на сиот овој бескраен простор не постои ништо друго освен малку јас кој не сум ништо друго само нишка што лебди.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тивкото пролетно ветре носи свежина и олеснување. Нина стои загледана во квечерниот свод надвиснат над широкиот, речиси бескраен простор на рамницата и дише со полни гради.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тие трите го запоседнале тој бескраен простор и етнички го исчистиле од оние другите – верата, надежта, љубовта.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Беше исто како кога си гледал до пред еден миг една од оние ситни ѕвездички на бледото вечерно небо и која сега, наеднаш пред твоите очи, пак ја проголтнал во себе бескрајниот простор и веќе ја нема.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Размислуваше само за небото, хоризонтите, дневните и ноќни бескрајни простори, осветлени од ѕвездите, месечината или сонцето.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)