благ (прид.) - душа (имн.)

Ги слушаше Пискулиев овие жаловити зборови, ја подисправаше некако својата мршава, извиена снага, со клапнати рамена, како да сакаше со тоа да ѝ ја поткрепи верата во себе на таа сиротна жена, и најпосле одговори како што го учеше неговата смирена и блага душа: „Не бери гајле, тетко Спасие, ти само учи го да гледа што правам јас, јас сум ги минал тие патишта”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Врти се роју умен, вртлогу ти кој си на небо, биди на земја вртилишта, улишта, восочни легла рам-меморија на приземје и кат давам за твојот „латински џагор“26за твојот бесценет секрет меден збор, афродизијак и медовината капната од небо ти ја давам на серафим налик и на мираз од нечија блага душа и изблик на вечноста ти нудам „гола како кокошкин врат“ за да се собереш, сакана да дојдеш на врв врба во моето гнездо озарено со етер со екстракт од масло со медоносно билје ти нудам енигматични игри крстословки, ребуси пополнување на празнините и сотките осмислување на келиите - безбројните восочни клетки ко минијатурни смрчки
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)