И без престан благиот шум на борјето над нив да шумоли ко пеење и паметење и вечен запис врз стеблата и каменот под кој лежат ветените за кои сал дабот, чамот, кленот, карпата, ридот, парчето ’рѓосано железо и штикот скршен ќе раскажува во времињата што допрва ќе дојдат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Полициската кола стоеше сред улицата, со звучникот што произведуваше благ шум.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Погледот не можев да му го доловам: - Еден ден, и не ми е јасно зошто, меѓу неговото отежнато дишење и благиот шум на машините, ја зграпчив чашата.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Го чув благиот шум на лисјата на дудинката над мене што го предизвика некое тивко ветре дојдено колку да ми даде знак за распознавање на пределот во кој доаѓав.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)