Таквата состојба ќе ги предизвикува неговиот илузии дека излезот од лавиринтот ќе го најде доколку напредува, но напредувањето всушност ќе ги предизвикува парадоксите на историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Еден друг важен дијалог во филмот се одвива на следниов начин: “Ја гледам најсмелата и блескава иднина пред нас”; “Јас пак ја гледам најсмелата и опасна иднина пред нас”; “гледам слава”; “јас пак гледам бесчастие”; “го гледам падот на нашите непријатели... го гледам задоволството на нашите непријатели... ќе бидеме богати... ќе бидеме кутри... среќата ќе биде моја... бедата ќе биде твоја... ќе имам злато... ќе имаш смрт...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сите овие луѓе на кои партијата им беше ветила блескава иднина, само да слезат од планините – за да станат нова класа, работничка класа, силна, челична, виорна, примерна, бестрашна, непобедлива – да ѝ зададат смртоносен удар на победената класа, на нејзините остатоци.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Човештвото се одржува благодарение на надежта дека пред него постои блескава иднина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)