Божји чеда изместени од престолот, со заедничка среќа и со заедничка несреќа, каква што господ им наменил на сите свои чеда на земјава, без тие да си стават во акалот не дека ако едниот е несреќен другиот ќе е среќен, туку дека божјата рака тешко ги разделува нештата, зашто грстот ѝ е широк, па фрла наеднаш од сѐ добро и од сѐ лошо, на сите страни.
(Бела пауза)
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А кога една вечер отец Иларион го забележа Бонети каде што се вртка пред вратата од нејзината соба, му рече: - Ова е божји дом, полковниче... И таа е божјо чедо...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)