Татко во мигот ништо не одговори, и тој загледан во водата која брзо течеше под сводовите на стариот мост, но потоа тивко изусти: Водата во барата е запрена за да го чува времето!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Еден ден, додека ловеше во реката, брзата вода му ја симна од нога едната чизма и пред дедо ми да трепне, чизмата отплови во неврат.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Светлоста од многуте лампиони се истураше по брзите води на реката.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Нашата куќа беше близу еден дрвен мост кој, при движењето на луѓето, се нишаше и понекогаш се чинеше оти ќе го однесат брзите води.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога запреа на самиот истек на реката од Езерото, во просторот каде што се мешаа бавните и брзите води, каде што се забрзуваше минливоста, на Исток небото веќе беше заруменето и окото на сонцето се одразуваше во сините води.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Камилски, загледан во брзите води, заземајќи поза за да каже нешто значајно, филозофско, му рече на Татко: Што е животот, пријателе, зар не е самото време, што тече како водата на реката, а луѓето не престануваат да бидат заложници на нивното минато?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но тој беше повеќе за длабоки, недвижни води, од кои истекуваше река. Брзите води премногу го занесуваа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)