Во смисла на оваа директива на 2 септември 1944 година шефот на сојузничките воени мисии при ГШ на НОВ и ПО на Македонија американскиот мајор Дикенсон испратил писмо до бугарскиот командант на Петата бугарска армија во Скопје во која биле набележани условите под кои бугарските окупаторски единици требало да се предат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Меѓутоа, непосредно по влегувањето на територијата на Македонија Кларк ќе истакне дека на партизанските единици им недостасувало муниција и поради големиот број бугарски заседи „од страна на бугарската армија многу од партизаните останаа без муниција“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Според еден член на британската воена мисија Perseverance Кларк „првата бригада го беше презела овој марш да го развее партизанското знаме и да се обиде да добие регрути кои тие мислеа постојат таму, како и да го охрабри дезертирањето од бугарската армија“.115
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Настанатиот пресврт во Бугарија и промената на владата ги стави командантите на Петтата бугарска армија пред свршен чин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Од Софија телеграфираат оти тамошниот воен министер зел од офицери на разни европски и американски држави предлог да се примат тие во бугарската армија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не добивајќи помош од Четвртата бугарска армија и од четите на ВМРО, а оставено само на месните чети.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тиквешкото востание претставувало прва вооружена борба на македонскиот народ против поделбата на Македонија и против српската окупаторска власт.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Всушност, се покажало дека уште пред формирањето на Сарафовиот комитет, офицерите замешани во комитетските работи, на чело со генерал Иван Цончев, тајно од Делчев и Ѓорче Петров, зеле решение да работат за преземање на Македонската револуционерна организација и на нејзиниот ЦК од офицери, а кога ќе се постигнело тоа, Цончев требало да си даде оставка во бугарската армија за да го преземе претседателството на Врховниот комитет и да крева востание во Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тие ја информирале американската јавност за влегувањето на бугарската армија во Македонија, „‘ослободена’ од германските трупи“, со една единствена цел – одржување на „редот и мирот меѓу населението“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Едновремено, јавноста на САД била запознаена и со формирањето на „локалните владини комитети во Скопје и во Куманово“, непосредно по навлегувањето на германските војски на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)