А бидејќи Толе лани дојде да ги вика селаните во борба заедно со четите чии војводи Сарафов, Тренков, Гарванов, Чакаларов беа Бугари, тоа Димо им го објасни дека и Толе е бугарски војвода, та ќе треба и него, не само што да не го слушаат, ами дури и да го бркаат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Така, брат Толе, така. Отсега потамо нема леб за бугарски војводи кај нас — му се исправи еден ден Димо лично на Толета во Градешница.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Излегол народот да го дочека стариот бугарски војвода и српски шумар.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Селаните се узбунија и вечерта влегоа кај Толета петшеест души, еден поеден, да му стават до знаење, дека нема да го прибираат понатаму.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)