бугарски (прид.) - единица (имн.)

По неколкудневните борби со бугарските единици на 11 мај 1944 година бригадата со косовските баталјони пристигнале во Црна Трава, каде Ламби се сретнал со мисиите Burlesque i Claridges и со капларот Мултон кој ја носел радиоопремата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За таа цел од страна на ГШ на НОВ и ПО на Македонија биле упатени дописи со условите како треба да се однесуваат бугарските единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од своја страна отечественофронтовската влада издала наредба бугарските единици да стапат во борба против Германците заедно со единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)