буков (прид.) - трупец (имн.)

Немаа крилја, но имаа силни раце и цврсти рамена за да пренесуваат ранети и да носат на врв рид сандаци со муниција и долги букови трупци за градење бункери и силни дланки за држење лопати и казми за да копаат ровови и од таму, од врвовите, гледајќи во далнината им се чинеше дека ќе ги здогледаат своите чеда.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Можеше само уште да ги гледа сите оние букови трупци, наредени во карма до тезговиот, готови да го заземат местото на оној пред бичкијата, како и целата таа просторија да имаше стеганати вилици како него, застанат во нејзината средина, уште еден ненужен дел, отповеќен дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу таму одекнаа ударите од секирата, а кон поточето, едно по друго почнаа да се лизгаат, да се тркалаат, суви букови трупци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од едно дрвено коритце, шуртеше бистра водичка и паѓаше во големо, долго корито, издлабено во дебел буков трупец.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)