вавилонски (прид.) - одаја (имн.)

Новата книга во Татковото вавилонско одајче, крај чардакот, го означуваше влегувањето, често враќањето на самата надеж, кога таа нѐ напушташе во времето на непредвидливите настани на историјата во нашиот дел од Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но и овде надежните денунцијанти, кои нишанеа сега на мојата директорска позиција, не ме оставија на мира, сѐ додека не ме сменија поради нивните незаситни амбиции и не ме сместија со моите книги во едно одајче на влезот во Институтот, кое како да беше прикачено за градбата и висеше во просторот, наречено во шега од еден мој сакан пријател писател вавилонското одајче на Климент Камилски!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)