1 Како резултат на тоа, во првата половина на 2010-та, беше спроведена првата научно- истражувачка студија од областа на трудовото право и законодавство, којашто е единствена од ваков вид во Југоисточна Европа, а се занимава со проблематиката на правата на работниците во Р. Македонија во дваесетгодишниот транзициски период, насловена: Обезвреднување на трудот – Анализа на трудовоправната легислатива во периодот на транзицијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Нормално дека од ваков вид од луѓе треба да произлезе решението.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Експлицитното повикување на Шагал во романот на Луан Старова ни дозволува да воспоставиме без двоумење ваков вид паралела која е навидум невозможна.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А во Келн многу добро помина ваквиот вид мебел.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На Кулета и Андона оваа им беше прва работа од ваков вид и затоа на двајцата почнаа да им бијат силно срцата, а вилиците да им се тресат та забите почнаа да им штракаат, небарем замрзнаа од студ во топлата пролетна вечер Толе ги теши со шепот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Доволно е понекогаш жената да ја поведе за рака намерата да се стори со пород!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Горчлива е разочараноста и од обичните недоразбирања а да не зборуваме за искуства од ваков вид и со вакви последици.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Не ја сфаќам намената на таквата определба?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира, многу потпрашања ми идеа на ум.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тешко е да ископаш ваков вид тајна од материјата од која сме создадени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Разочараноста од ваквите случувања и најблиските пријатели ги престорува туѓинци, и тие понатаму, низ сиот свој живот се однесуваат како непознати па дури и како непријатели!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури и оние поединци кои можат да имаат разбирање за ваков вид желби, каква што беше желбата на мајка ми, при изборот на тумбата за гробно место, зар можат да го сфатат начинот на кој беше искажана пораката?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Првпат слушам за ваков вид класификации!”, го наслушнувам гласот на оној мој двојник што често ми се јавува за да ме зазбори.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали сепак токму сомневањата од ваков вид за судбината на таткото на Иван не беа причина да го избегнува јасниот одговор?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зар ќе можат да го доживеат на сличен начин како и јас оној момент кога мајка ми одредуваше каде ќе треба да копам со истион показалец што го користеше одвреме навреме за да ми го сврти вниманието кон птицата што ја прелетува нашата куќа; или, во други случаи, за да ме предупреди дека некој непознат или некоја од нашите сосетки од зад Долни Рид наближува по каменливата патека?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мразот полека почнува да се топи, а двајцата сме претешки за цврстината на ваков вид мраз!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Дишан сакаше ваков вид игра на зборови.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
За ваков вид работа Винстон беше добар и тој успеа повеќе од два часа да ја исклучи девојката од мислите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како и да е, повеќето мелодии сепак не се подложни на ваков вид хармонија.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Јас ѝ говорев дека за ваквиот вид стрвост може да се бара објаснување само кај дете и тоа до неговата петта година!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Само за да ни ја покажел неговата машка гордост.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Знам, вие ќе речете дека љубопитствата од ваков вид во овие установи не се пожелни; Знам, знам, се согласувам; но треба да сфатите дека не сум јас тој што прашува туку прашува едно мало дете; Знаете, тој ваш шеф, Бунде, или не знам што точно ви се паѓа, нас, децата од нашата улица, нè качи во градската кула и тоа дури на третиот кат!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
За разлика од вообичаените места за продавници од ваков вид, книжарата се наоѓаше во мирниот дел од Градот, со главно ниски куќи од пред војната.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Очигледна е грешката за ваков вид на филмови да се земаат такви актери, бидејќи тогаш сте приморани да правите компромиси.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
И како тогаш да не се запрашаме дали Иван Степанович не е првиот кој ја открил сличноста на својот син со Генералот?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Јас и денес тврдам: кога ќе се случи ваков вид откритие, или таква голема сличност каква што е сличноста на малиот Алексеј со Ролан, зар нема прв да се посомнева и прв да ја открие прелагата токму законскиот татко?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Гауденс - но колку што можам да се сетам, Ворхол е првиот американски уметник кој бил така почествуван од оваа земја, со исклучок на Норман Роквел, the master of Hallmark sentimentalia. (...)Од исказите на екипата која стои зад организирањето на овој проект, ова е досега најсеопфатна институција од ваков вид.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но ми се чини дека е поголем бројот на писателите кои не се обучувале себеси на ваков вид курсеви.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не постои музеј на Џорџа О’Киф, не постои музеј на Џексон Полок, не постои музеј на Џаспер Џонс. (...)Денес типичното мислење на уметничкиот свет за Ворхол е како за сликар со брилијантен почеток кој уметнички (креативно) умрел некаде во годината кога Валери Соланис се обиде да го убие 1968-та и кој заврши како високо комерцијален уметник, продуцирајќи било што за секој кој бил спремен да ја плати цената; а да, и како за некој кој направил неколку важни филма.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Досега има можеби неколку домови претворени во музеи на сликари од деветнаесеттиот век - помислувам на црквата Фредерик и Августус Св.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
„Не сум стручно лице, се информирам од медиумите, па од тоа знам дека за „Злетовица“ Владата на Република Македонија ќе обезбеди 60 милиони долари, понатаму ќе се обезбеди од светските банкарски институции, наменети за ваков вид проекти, еден дел ќе е самопридонес од населението од овој регион.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Има зошто да се предизвика љубопитноста во однос на овие автори: Луан Старова (македонски државјанин од албанско потекло и Улијет Аличка, писател од Албанија).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Немајќи обичај да пишува ваков вид писма, таа ми побара тоа да го направам за неа што многу радо прифатив, вие би се сомневале, се разбира, надевајќи се дека...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)