Но, како последица на правната сукцесија којашто настанува при евентуално припојување или купување на ваквото друштво, следува и т.н. консеквентна процесно-правна [универзална] сукцесија којашто настанува по сила на закон [ex lege] и не зависи од волјата на сукцесорот, односно правниот следбеник не може да се противи на тоа тој in concreto да биде пасивно легитимиран т.е. тужен наместо неговиот правен претходник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тука би било умесно да се даде и една критика кон законодавецот, за носењето трговски закони кои им даваат можност на основачите на вакви друштва да водат селективна политика кон одредени сестрински фирми , а кои функционираат во рамките на иста дејност; а, згора на сè, е и можноста што им се дава да применуваат различни аршини за вработените во склоп на „групациите“ и да ја избегнуваат мож- носта за прераспределување во матичната компанија-основач, откако одредено поврзано друштво5 (а не „подружница“!),6 кое е основано од неа, ќе биде затворено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Навремено поднесената приватна тужба ќе се смета како навремено поднесен предлог на оштетениот, ако во текот на постапката се утврди дека се работи за кривично дело за кое се гони по предлог (чл. 58, ст.1, 3-5 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од случајот на работникот Лозановски може да согледаме како една стриктно централизирана политика во одредена компанија, која се јавува како основач на помало друштво,4 а за кое не покажува некој сериозен долгорочен интерес, може да делува на штета по работните места на голем број работници – кои совесно и најодговорно си ја извршуваат работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога оштетениот поднел кривична пријава или предлог за гонење, а во текот на постапката ќе се утврди дека станува збор за кривично дело за кое се гони по приватна тужба – пријавата, односно предлогот, ќе се смета како навремена приватна тужба ако е поднесена во рокот предвиден за приватна тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)