ваков (прид.) - одредба (имн.)

Но, во врска со стекнувањето на право на плата за време на штрајк треба да се истакне дека како во овој случај, така и во претходните, ваквите одредби се воведуваат во контекст на отежнување на можноста за остварување на правото на штрајк со што реалната можност за остварување на ова право е намалена.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со одлука У.бр. 263/2009 на Уставниот Суд на РМ, беше касирана ваквата одредба, а Уставниот суд во своето образложение нотира дека со ваквата формулација „се создава можност работодавачот во димензионирањето на работните активности да ги повреди уставно загарантитраните човекови слободи и права во кои се и правата од работен однос и интегритетот на работникот“. 33 в) кон експлицитната формулација која прохибираше дека работодавачот не смее да наложи работа подолго од полното работно време на повозрасен работник (работници повозрасни од 57 години – жени и 59 години – мажи), беше дополнета со услов дека тој тоа не смее да го наложи „без негова согласност“ (чл. 23 од ЗИДЗРО/фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Следната година, со донесувањето на ЗИПДНД од 1993 година, ваквите одредби повеќе не се предвидени во законот и наместо тоа е воведена категоријата „плата по работник која претставува основица за пресметување на даноците и придонесите од плата“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во оваа насока е и ставот дека во договорите за вработување не може да се утврдуваат одредби со кои се забранува или спречува склучување на договори за вработување меѓу работодавач корисник и отстапениот агенциски работник по неговото отстапување, а доколку договорите содржат вакви одредби истите се неважечки и ништовни. (чл. 3-д од Законот за измена и дополнување на ЗАПВ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)