Тоа мора да се направи и бргу, и мудро, и со остро око, и многу внимателно – затоа што ваквата прилика не смее да се пропушти!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ваквите прилики, во место каде што имаше најмал природен прираст, беа вистинска реткост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Имаше толку сила само да стигне до фиоката во која токму за вакви прилики чуваше парче чоколадо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Полицаецот: Во вакви прилики се пука од топови.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Се сети на секирата, која во ваква прилика би била попогодно оружје, но не ја најде на вообичаеното место.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Таа му беше омилена на газда Таки кој знаеше многу македонски песни и со големо задоволство и чувство пееше во вакви прилики.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
За амбасадорот вакви прилики се добродојдени.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го барав тоа малечко отворче на ѕидот, иако знаев дека тоа беше бетон, цврсто граден ѕид точно за вакви прилики.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)