И ако не беше сваќата Севда премажена во вашето село, требаше да додевам на некој пријател.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ете, ме донесе тој едноногиот вечерва во вашето село и ќе ми прошчавате што ви го расипа ќевот, ама, ете, секој со занаетот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од дваесет години нагоре машко не ќе претнит ако не кажите кој беше некни на ѓурунтијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ами, има некој аскер виа дни во вашето село! — праша пак Толе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе кажиш арамбашите од вашиот село или да врзувам ортомите на јаболкницата, вистински да обесам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете, дојдов, коџобаши, во вашето село да купам некоја свиња.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Белите заби му светнаа, лицето му се разведри.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Нешто зборуваа, ама од никоја од девојките не слушнаа збор. - Девојки, слушајте ме. Соберете се така како што сте од вашите села.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Иглите за плетење и преденото и многу други работи што ги правевте во вашите села и по дома, тука да ги заборавите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Па четири часа со автобус до вашето село.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
– „Ејди, синко Силјане, му рекле старите, ние сме дојдени во вашето село Коњари уште не беше роден ти; ние сме живееле на вашата куќа; ние знаеме сѐ што имате дома, ем поарно од тебе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– „Еве зошто ние знаеме сѐ што имате дома, Силјане, му рекле, оти ви седиме на куќите; ние се правиме штркови, Силјане, и ви идеме во вашето село и во сиот вилает ваш“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
„Војниците се отепани во реонот на вашево село и вие ќе одговарате за тоа...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мислиш не ме боли мене тој црн ден што се случи во вашето село додека ме славевте на сред село со најубави благослови и плодови?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Вашето село борчи на царот сто илјади аспри, за сто години што не сте платиле, како и сами што признавате.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Знајш, али не знаиш?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Ами коа се прајте штркои - му рекол Силјан - за што сте сега луѓе?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Ејди, синко Силјане - му рекле старите - ние сме дојдени во вашето село Коњари уште не беше роден ти; Ние сме живееле на вашата куќа и во вашето поле, да затоа ти знајме сѐ по име од дома, чунки ние се слагаме како од вашата куќа; ние знајме сѐ што имате дома, ем поарно од тебе.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Еве за ошто знајме ние сѐ што имате дома, Силјане - му рекле - оти ви седиме на куќите; ние се прајме штркои, Силјане, и ви идиме во вашето село и во сиот виљает ваш.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
За доброто на вашето село, како и заради безбедноста на власта што ве штити, секој чесен човек е должен сѐ да стори за да се фати овој злосторник и одметник.“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Луман сега заведе вергија: месечно, рече, секоја куќа од вашето село ќе ми дава по лира, наесен на секои сто брави, овци и кози сакам по пет за мене и десет ока сирење, а за пролет секоја куќа нека ми чува по руно волна, тие што имаат по дваесет овци повеќе – по пет.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)