Екна песна. Имаше револуционерни напеви во кои името Сталин се заменуваше со Чанга. Во песните се внесуваа и кози. Па така, силно се пееше во ведрата ноќ.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во ведрите ноќи студенилото допира до коска, а дење – жега.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Излегоа горе на полјанката. Беше тивка ведра ноќ.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
И студот што се беше вселил во колибата кажуваше дека поминала една студена, ведра ноќ. Ведра, што се однесува до небото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во ведрите ноќи студенилото допира до коска, а дење – жега.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)