Телеграми беа испратени до великиот везир за таа работа и двајца претставници беа испратени во Цариград за да ја молат императорската влада да му забрани на владиката да се меша во работите на општината.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Толе се сневесели. Му беше жал, дури и срам зошто Аќиф не беше некој бег, ага, паша Валија, та му појде умот дури и до великиот везир и султанот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пред конакот од Челебијата веќе стоеше Ѓузепо, главниот надзирател — башчаушот, уште со двајца свои помошници и разговараше со гавазите дебрани што го чуваа овој Ал-Шариовски велики везир.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во таа прилика српската црква ги приклучила епархиите Мороздвидска и Ќустендилска, заедно со градот Разлог.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Но во 1557 великиот везир Мехмедпаша Соколовиќ (1565-1579) ги одвоил српските епархии од Охридската архиепископија и ја обновил Пеќската патријаршија, на чело со неговиот роден брат.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Замислувале да го убијат султанот, великиот везир, валијата во Солун и други големци.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Мораше долго да чека, бидејќи отиде кај Султанот имаше официјални приеми, па и Великиот везир беше речиси зафатен со нив.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Суљо почна да раскажува надолго и нашироко, а Великиот везир почна да се нервира од долгото раскажување, но гледајќи го заинтересиран султанот, и тој внимателно слушаше: – Ете така Падишаху.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
По таа причина сѐ што требаше да излезе пред султанот, го решаваше Великиот везир.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Државните работи му ги натовари на Великиот везир.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Убава политика води Мехмед со Србите. Ќе биде голем човек тој паша – се изрази ласкаво Сулејман за својот иден Велики везир Мехмед Соколовиќ.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
По завршувањето на аудиенцијата Великиот везир пристапи со доклади по писмените извештаи од разни краишта, каде што војуваше султановата силна војска.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Јас сум неговиот велик везир.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)