Гајдата ја засака уште како дете и не се делеше од неа; кога порасна свиреше на свадби, на веселби, на гости, на свршувачки; свиреше со љубов, со возбуда, заносно, поттупнувајќи со нозете под ритамот на свирката; ги надуваше образите, ги напнуваше вратните жили, мрдаше со прстите по дупчињата и испушташе весела или тажна мелодија спрема песната и расположението; со своето чудесно свирење некому му ги лечеше болките, а некому му ги доразрануваше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Така појдоа: напред гавазот, па Марко, а по него Бошко, разнишан и недоумен дали да биде весел или тажен.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Најважната работа што треба да ја сфатиш е дека, без разлика дали си весел или гневот го обзема твојот лик, сјајот на твојата кожа пак има виножито кое се огледува во сонцето, наспроти твојот гнев или веселост – рече старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Луѓето не можат да разберат зошто шизофреничарот е толку брз или okno.mk | Margina #10 [1995] 93 спор, амбициозен или мрзелив, весел или тажен и.т.н.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)