Во пурпурот на вечерното небо се лизгаат ластовици и танка опашка на недозрел ветар.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Така ќе поседат молчејќи, сѐ додека над нив не засветкаат ѕвезди, потоа ќе слезат долу, на четвртиот кат. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 122
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Венко Андоновски ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНСКИ РЕКТОР
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тој гледаше со полузаклопени очи, низ арабеската од железната конструкција на рекламата, бесмислено распната на фонот од вечерното небо; седеше недвижен и замолчен, со жената покрај себе.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Низ отворениот прозор Славчо гледаше во вечерното небо, во трепетливите ѕвезди што една по една се палеа.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Беше исто како кога си гледал до пред еден миг една од оние ситни ѕвездички на бледото вечерно небо и која сега, наеднаш пред твоите очи, пак ја проголтнал во себе бескрајниот простор и веќе ја нема.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не ќе мораме да мислиме на него секогаш кога Јупитер или Сатурн или Марс ќе го осветлат вечерното небо Беше тоа нешто друго.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Особено го привлекувале тешките, крвави облаци на вечерното небо...
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)