вешт (прид.) - лице (имн.)

Во жалбата наведе дека вештото лице кое изврши увид, дава свое мислење само околу тоа колку е оштетена куќата а не и кои се причините што довеле до оштетување на куќата; дека вештото лице самото наведува дека не е стручњак по ова прашање; па спрема тоа, треба стручно лице да даде свое мислење за причините што довеле до пукање на куќата, зашто има и други куќи во селото што се на иста или приближна оддалеченост од каменоломот, а не се оштетени; што се однесува до сведоците: тие тврдат дека пред употребата на експлозивот, куќата не била напукната, но не можат да тврдат дека тие пукнатини настанале токму од експлозиите или од нешто друго.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јаким налутен што судот пресуди во полза на Лиќо, започна и тој сега да ѕида уште еден кат на својата куќа, и сега тој почна да му го затвора светлото на прозорците од Лиќо; сега Лиќо зафати да го тужи Јакима и да го спречува да го изгради катот; започнаа одново да доаѓаат комисии, вешти лица од судот, да прават скици, записници, да даваат мислења; се редеа судски решенија, жалби, тужби; времето одминуваше а есенските дождови почнаа да му ги ронат ѕидовите на изградениот кат на Јаким; и тој нечекајќи дефинитивна одлука на второстепениот суд, зафати да го покрива; Лиќо се обиде со сила за го спречи, започна тепање меѓу нив во кое се вмешаа и нивните жени и нивните синови: Танаил и Китан. во тепачката дојде до пукање и Лиќо го отепа Јакима.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Судот го зеде тоа предвид, ја уважи жалбата на Китан и го задолжи Танаила да му ја надомести штетата на Китан што ја процени вештото лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Второстепениот суд ги уважи двете жалби и го врати решението на повторно разгледување на првостепениот суд, наведувајќи дека од наводите на вештото лице, се гледа дека треба да се извршат други вештачења: да се проври од стручни лица или установа какво е тлото на кое лежи куќата, неговиот геолошко-технолошки состав и колку тоа влијае на нејзиното пукање.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Врз основа на овие наоди, првостепениот суд донесе решение со кое Танаил се ослободува од обвинувањето, наведувајќи дека од наводите на вештите лица, се гледа дека куќата лежи на несигурна почва.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
4 По ова, предметот е даден на вешто лице – градежен инженер (В.Шиков) со цел да ги утврди спорните факти за носивоста на камионот [во m3] во кој се превезувала наводно украдената песок. Тој тоа и го прави во својот изготвен наод и мислење, од февруари 2005.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судиите, судиите поротници, вишите судски советници, самостојни судски советници, судски советници, стручни соработници, судски приправници, судските вешти лица, толкувачите, преведувачите и другите лица кои учествуваат во постапката и надвор од неа, должни се да ја чуваат од неовластено откривање класифицираната информација со соодветен степен на тајност утврдена согласно со закон, без оглед како ја дознале.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во октомври 2003, второстепениот суд со свое Решение ја уважи жалбата од тужителите, пресудата ја укина и предметот го врати на повторно одлучување, поради нецелосно утврдена фактичка состојба (error facti).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судиите- поротници свечената изјава [која е иста со онаа за судиите] ја даваат пред претседателот на судот во кој се избрани (чл. 50, ст.3 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судиите- поротници имаат право на надоместок за вршење на работите на судија- поротник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)