Додека се обликуваше мојата карикатура под вештите раце на Кире, кон масата се приближи еден младич и на Борис му рече, полугласно: - Од каде оваа жртва, среде зима и уште навечер!
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се гледаше дека бил изработен со вкус и од вешти раце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во средината на пространиот двор стоеше со вкус направен летниковец со два покрива еден врз друг, изработен од нечии вешти раце во кинески стил.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Топлата термоминерална вода знаеше да ѝ ги опушти сите мускули, а вештите раце на масерите ја правеа како нова.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Она што го градат тие, се знае дека е изградено како што треба, од вешти раце раководени од мајсторски умови.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
” „Животот негов реков може да го среди само оној Еден и Единствен што управува со нашите судбини”, ѝ реков јас свечено. „Што значи тоа, да зборувам со рабинот за проводаџисување?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тогаш реши да ме побара мене. „Слушнав – рече Бенвениста Давидовиќ кога седнав на чистиот миндерлак во нивната скромна куќа со бел вез што не се сипеше, туку спиеше под раката – дека што ти си врзала, човек не одврал, па решив да ја ставам судбината на мојот кутар син, жртвата моја сакана, да ја ставам велам неговата судбина во твоите вешти раце.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Состојбата се подобрува. Татко ми купил од некаде слама, а мајка ми, со своите вешти раце, од две или три вреќи, направи сламарник.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Радоста што им ја приредија Роса и Деспина беше запечатена со по едно јако вистинско кафе со лажиче слатко и со по една чаша сок направен од вештите раце на Перса, а потоа почна да се празни малечкото дворче.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сите работи беа готови, благото, ручекот, и тоа сè со вештата рака на Пелагија, а Перса мораше да се седи скраја и да ја стишува силната река љубопитни прашања од Пела зошто се прави сето тоа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Или и зборот е плод што бара вешта рака за да го избере и да го принесе на свечената трпеза на вознесот!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)