Престојот во руската престолнина, активното следење на европскиот печат и живиот допир со европската дипломатија во Битола (и посебно со руската, особено по враќањето од Македонија) му овозможија на Мисирков појасно да ги согледа и оние моменти што не беа видливи низ чадот на секојдневните борби на револуционерите. 49.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Само оттаму, од под падините на Станкоски Рид и од под стреите на четирите турски кули, кои се бело варосани и чии покриви се побелени од снег, единствени и одвај, одвај видливи низ вејавицата небаре истопени парчиња мрак темно модри се чепатата нивните пенџериња...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)