висина (прид.) - разлика (имн.)

Ако ни се прескапи рибјите патеки, отворите на браните со прикладни лифтови за да се совладаат висинските разлики помеѓу реката и браните, прескапи во сегашните години на изградбата, бидете убедени дека кога ќе стасаат идните генерации научници, хидроинженери, биолози, кога ќе се откријат и други извори на електрична енергија, тие сигурно ќе настојуваат повторно да го откријат патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Проектот предвидуваше небаре низ научно-фантастична визија да се обнови патот на јагулите, со градење отвори на високите насипи, па со градење на водени лифтови, кои ќе ги совладаат висинските разлики да го оживеат патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)