Висока авлија ѕидана со камен. Едното крило од дебелата дабова порта искршено со секира.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Подоцна се дознало дека сенката што набрзина, скришум, крај високата авлија го минувала патот од џипот до портата на ателјето, била монахиња која смртно била заљубена во сликарот.“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тамам минуваше крај една висока авлија преку која се надаваа бујни јорговани и над којашто се извишуваше трикатна куќа со фасада на којашто преовладуваше избледена сина боја со два балкона искомбинирани од мермер и ковано железо, чу како крцна дрвената порта на горниот крај на авлијата, украсена со ковано железо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Средно високи авлии од камен и во секој двор – лозница и бунар.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Паметам дека „мојата” куќа, нека ја наречеме така, зашто навистина беше таква што тогаш и сега, ја чувствувам како своја, беше ниска, само со приземје, покриена со керамиди, опкружена со висока авлија и голем двор со многу разновидно цвеќе и тукушто расцутени трендафили.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тогаш имаше само неколку бели куќи оградени со висока авлија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Како секоја вечер, така и оваа, по навика, прво однатре ја залостив портата од дворот ограден со висока авлија.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Клупата е веднаш под високата авлија преку која ни највисок човек не би можел да погледа преку, на улица. Дотаму е моето излегување.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Можеби за првпат со голема јасност заклучив дека сум целосно затворен: дворот ми е опашан со висока авлија, портата залостена со железен лост, а влезната врата ставена под тешка клучалка.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)