Само прозорците се отворени за да може да се дише и гледаат кон убаво дотераните тревници, однегуваните стебла со високи крошни, на фонтаната и куќичката во паркот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Гледа измени на неа: ѕидовите малтерисани, вратите и прозорците заменети, ставени нови, оградата на чардакот обновена со нови плотици, над чардакот испуштена подолга стреа за да го штити од дожд; старите турски керамиди заменети со нови, френски; дворот заграден со висока камена ограда со голема порта за да може да влезе кола со сено; стрчи висока крошна на јаболкница во дворот која порано не беше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)